Израелските сили ранија еден Палестинец

Израелскиот официјален радиодифузер КАН ја потврди информацијата дека израелските војници отвориле оган врз Палестинците

1684617
Израелските сили ранија еден Палестинец

 

Израелските сили, во окупираниот Западен брег ранија еден Палестинец и приведоа друг, под изговор дека „се обидувале да преминат во Израел“.

Во веста на палестинската официјална агенција Вафа, која ја засноваше врз основа на очевидци, беше наведено дека еден од Палестинците во возилото во близина на Ѕидот на поделбата, западно од градот Џенин, беше тешко повреден како резултат на огнот што го отворија израелските војници.

Од друга страна, израелската армија во писменoто соопштение што го објави по настанот истакна дека Палестинците, со возилото што го користеле, се обиделе да преминат во Израел.

Израелскиот официјален радиодифузер КАН ја потврди информацијата дека израелските војници отвориле оган врз Палестинците и соопшти дека повреденото лице беше префрлено во болница, а другото беше приведено.



Слични вести