Поддршка од странство на Турција во борбата против шумските пожари

Од Азербејџан пристигна поддршка од вкупно 53 возила, од кои 41 беа противпожарни возила и 220 персонал.

1683943
Поддршка од странство на Турција во борбата против шумските пожари

Продолжуваат да доаѓаат пораки за сочувство и солидарност од странство за шумските пожари во различни региони на Турција.

Претседателот на Киргистан Садир Запаров на претседателот Реџеп Тајип Ердоган му изрази сочувство за сите оние што ги загубија животите во шумските пожари.

Џапаров во пораката рече: „Јас сум длабоко тажен од веста за загуби на живот како резултат на пожари во многу провинции во Турција. Во овие тешки времиња, на луѓето во Турција им посакувам храброст и истрајност да ги надминат последиците од ова природна катастрофа“.

Џапаров, во свое лично име и во име на народот на Киргистан, им изрази сочувство на семејствата на оние што ги загубија животите поради пожарите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде, во пораката за солидарност и сочувство, на својот Твитер профил го означи министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и истакна:

„Изразувам сочувство за оние што ги загубија животите во смртоносните шумски пожари во Турција. Нашата солидарност и мисли се со народот на Турција и пожарникарите кои се борат против огнот“.

Европската комисија соопшти дека ќе бидат испратени 3 противпожарни авиони за поддршка на борбата против пожарите во Турција.

Јанез Ленарчиќ, Еврокомесарот одговорен за управување со кризи рече дека ЕУ е во целосна солидарност со Турција во овие тешки времиња потенцирајќи: „Подготвени сме да пружиме поголема помош“.

По инструкција на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Сани, тим од Меѓународната група за пребарување и спасување на катарските сили за внатрешна безбедност замина за Турција.

Тимот ќе учествува во напорите за потрага и спасување на оние што се изгубени во шумските пожари.

Во знак на поддршка на борбата против пожарите, од Азербејџан пристигна поддршка од вкупно 53 возила, од кои 41 беа противпожарни возила и 220 персонал.



Слични вести