За еден ден се стопиja 8,5 тони глечер

До крајот на овој век може да предизвика нивото на морето да се зголеми помеѓу 5 и 33 сантиметри

1683544
За еден ден се стопиja 8,5 тони глечер

За еден ден се стопија 8,5 милијарди тони глечери во океанот.

Климатските промени, исто така, постепено ги уништуваат глечерите.

Според податоците објавени од Данска, 8,5 милијарди тони мраз во Гренланд за само еден ден се претвориле во вода.

Глечерот што се топи има доволно голем волумен за да ја покрие американската сојузна држава Флорида со 5 сантиметри вода.

Во Источен Гренланд, беше забележана највисоката температура на сите времиња. Под влијание на топлотниот бран што доаѓа од југ, термометрите покажаа 19,8 степени.

Според податоците објавени од Данска, од јуни повеќе од 100 милијарди тони мраз се стопи и исчезна на Гренланд. Топењето на глечерите се меша со водите на океанот и предизвикува покачување на нивото на морето.

Според една студија од 2019 година, топењето на глечерите во Гренланд, до крајот на овој век може да предизвика нивото на морето да се зголеми помеѓу 5 и 33 сантиметри.



Слични вести