Високите температури во Јапонија за една недела одзедоа 23 животи

Агенцијата за управување со пожари и елементарни непогоди соопшти дека во последната недела, во периодот од 19 до 25 јули, поради топлотен удар се хоспитализирани 8.122 лица од кои 23 лица ги загубија животите

1681285
Високите температури во Јапонија за една недела одзедоа 23 животи

Поради екстремно високите температури во Јапонија во последната недела животите ги загубија 23 лица.

Агенцијата за управување со пожари и елементарни непогоди соопшти дека во последната недела, во периодот од 19 до 25 јули, поради топлотен удар се хоспитализирани 8.122 лица од кои 23 лица ги загубија животите.

Агенцијата информира дека здравствената состојба на повеќе од 3 илјади лица е сериозна.

Како што се истакнува повеќе од половината од хоспитализираните лица се на возраст од над 65 години, 2.627 на возраст од 18 до 64 години, а 800 под 17 години.

Експерти препорачуваат доколку температурите достигнат до 28 степени Целзиусеви или влажноста на воздухот достигне до 70 проценти, да бидат вклучени уредите за вентилација.



Слични вести