Тунискиот претседател Саид продолжува да ги разрешува од должност високите државни функционери

Во билтенот Ер-Раид во сопственост на државата се објавени нови одлуки во врска со разрешувањето на високите државни функционери од нивните функции од страна на претседателот Саид, од неделата наваму

1681369
Тунискиот претседател Саид продолжува да ги разрешува од должност високите државни функционери

Претседателот на Тунис Кајс Саид разреши од должност неколку високи државни функционери.

Во билтенот Ер-Раид во сопственост на државата се објавени нови одлуки во врска со разрешувањето на високите државни функционери од нивните функции од страна на претседателот Саид, од неделата наваму.

Во тие рамки се разрешени уште неоклкумина високи државни функционери, како и 8 мина советници на премиерот Хишам ал-Мешиши и 8 мина функционери во Владата.

Тунискиот претседател Кајс Саид на 26 јули објави одлука за разрешување од должност на премиерот и министрите за одбрана и правда.

Тунискиот премиер Хишам ал-Мешиши во дадената изјава по објавувањето на оваа одлука истакна дека доколку претседателот наименува нов премиер поради тоа што ги надгледува безбедноста и правото на народот ќе ја предаде премиерската функција. 

На 25 јули во Тунис беа одржани протести против Владата и опозициските партии на кои учествуваа стотици лица при што во инцидентите до коишто дојде беа извршени напади врз седиштата на политичките партии, а пред се на Движењето Нахда. 

По овие нереди, тунискиот претседател Кајс Саид соопшти дека ги суспендира сите надлежности на Парламентот и имунитетот на пратениците. Тој истакна дека го разрешува од должност актуелниот премиер Хишам ал-Мешиши и дека ќе ја преземе власта со премиер кој ќе го назначи самиот.

По овој обид за интервенција врз Владата во Тунис, војската не им дозволи да влезат во Парламентот на претседателот на Парламентот и воедно лидер на Движењето Нахда Рашид ал-Гануши и на пратениците во негова придружба. 

 



Слични вести