Организацијата за следење на човековите права: Израел со нападите на 10 мај изврши воено злосторство

Организацијата за следење на човековите права објави извештај во кој се истакнува дека нападите коишто ги започна Израел на 10 мај врз Газа и кои траеја во текот на 11 дена, се во својство на воено злосторство

1681178
Организацијата за следење на човековите права: Израел со нападите на 10 мај изврши воено злосторство

Како што се истакнува нападите коишто ги започна Израел на 10 мај врз Газа и кои траеја во текот на 11 дена, се во својство на воено злосторство.

Израел во Мај започна сеопфатен напад врз Газа која 15 години како ја држи под блокада и која траеше во текот на 11 дена.

Во овие напади животите ги загубија 260 Палестинци од кои 129 цивили и 66 деца.

Организацијата за следење на човековите права објави детален извештај во врска со овие настани.

Организацијата во овој извештај дојде до заклучок дека овие активности на Израел претставуваат воено злосторство.

Во извештајот се привлекува внимание дека нападите врз Газа претставуваат дел од израелската окупација којашто продолжува. 

Директорот на Организацијата за следење на човековите права за Израел и Палестина Омер Шакир го рече следното: „Значајно е и тоа да се сфати дека оваа агресивност има една поширока поврзаност. Настаните беа реализирани во период кога Појасот Газа 14 години како на впечатлив начин е затворен за светот и по дискриминаторските иницијативи за вадење на Палестинците од нивните домови во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).“



Слични вести