Во поплавите во Нигерија загинаа 15 лица

Во земјата која се наоѓа во појасот на тропска клима, просечните годишни врнежи регионално варираат

1680354
Во поплавите во Нигерија загинаа 15 лица

15 лица го загубија животот во поплавите предизвикани од обилните дождови во провинцијата Кано на западноафриканска земја Нигерија.

Според информациите објавени во националните медиуми, началникот на селото Догува, Алхаџи Јусиф Умар во изјавата рече дека обилните дождови коишто траат од 23 јули во селото Догува во провинцијата Кано, предизвикаа поплави.

Умар изјави дека 15 лица ги загубија своите животи во катастрофата, има многу повредени и нема глас од многу луѓе.

Истакнувајќи дека се започнати напори за пребарување и спасување во регионот, Умар изјави дека поради поплавата се оштетени многу куќи.

Во земјата која се наоѓа во појасот на тропска клима, просечните годишни врнежи регионално варираат.



Слични вести