Рохани: „ Иранскиот парламент е одговорен за неуспехот за укинувањето на санкциите на САД“

Ако парламентот не не спречеше (со донесување на нуклеарниот закон), санкциите ќе беа укинати од крајот на минатата година

1679820
Рохани: „ Иранскиот парламент е одговорен за неуспехот за укинувањето на санкциите на САД“

Иранскиот претседател Хасан Рoхани за неуспехот во укинувањето на економските санкции воведени од Соединетите Американски Држави (САД) врз неговата земја го обвини Иранскиот парламент.

Според веста на Иранската државна телевизија, Рохани во говорот на годишниот состанок на Централната банка на Иран што се одржа во главниот град Техеран, направи проценка на економските случувања во земјата.

Рохани во оваа прилика рече:

„Ако парламентот не не спречеше (со донесување на нуклеарниот закон), санкциите ќе беа укинати од крајот на минатата година. Со законот што беше донесен, ни беа врзани рацете“.

Претседателот Рохани подвлече дека текстот на договорот постигнат во Виена со земјите 5 + 1 (постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) САД, Русија, Кина, Англија, Франција и Германија) во тоа време беше доставен на иранскиот парламент.

Покрај тоа, Рохани направи проценки на предлог законот за финансиски реформи што поминаа во Собранието, но чека одобрување на Конзервативниот дијагностички совет за контрола и истражување на поредокот што треба да се донесе.

Тој го критикуваше фактот дека нацрт-законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, познат како закони за „Работна група за финансиска акција (ФАТФ)“, а кој беше доставен на одобрување на Конзервативниот дијагностички совет за контрола и истражување на поредокот.

Рохани во врска со тоа рече:

„Неодобрувањето на ФАТФ остана голем проблем. ФАТФ мораше да биде одобрен за економските активности. Дури и да бидат укинати санкциите, не можеме да работиме со меѓународно банкарство ако не биде одобрен ФАТФ“.



Слични вести