Белгија повторно погодена од поплави

По катастрофата од поплави пред 10 дена во која животите ги загубија 37 лица, Белгија повторно е погодена од поплави

1679714
Белгија повторно погодена од поплави
belcika sel.jpg
belcika sel1.jpg

По катастрофата од поплави што ја погоди Белгија пред 10 дена оваа земја повторно е погодена од поплави коишто овојпат ги зафатија градовите Намур и Динант во југоисточниот дел на земјата.

Во градот Намур се преплавени и останаа под вода приземните и бодрумските спратови на голем број куќи.

На споделените снимки од страна на жителите во погодените области преку социјалните медиуми се гледа како во градот Динант некои возила се одвлечени од страна на надојдените води.

Како што се истакнува поради поплавите некои патишта се блокирани и поради рушењето на еден потпорен ѕид се испразнети голем број куќи.

Во поплавите коишто пред 10 дена ги погодија источните делови на Белгија животите ги загубија 37 лица десетици куќи беа срушени, а голем број згради беа оштетени и доведени во неупотреблива состојба.

 



Слични вести