Во Средоземното Море во близина на брегот на Мароко спасени 368 нерегуларни мигранти

Според веста на официјалната Мароканска новинска агенција „МАП“ повикувајќи се на еден функционер, единицијата за крајбрежна стража во периодот од 20 до 23 јули спасија 368 нерегуларни мигранти

1679580
Во Средоземното Море во близина на брегот на Мароко спасени 368 нерегуларни мигранти

Во Средоземното Море во близина на брегот на Мароко се спасени 368 нерегуларни мигранти од кои повеќето од супсахарска Африка.

Според веста на официјалната Мароканска новинска агенција „МАП“ повикувајќи се на еден функционер, единицијата за крајбрежна стража во периодот од 20 до 23 јули спасија 368 нерегуларни мигранти.

Нерегуларните мигранти кои се обидувале од Африка преку Средоземното Море да заминат за Европа доживеале опасни моменти на 22 гумени чамци, 30 кајчиња и мали гумени пловила.

Спасените нерегуларни мигранти во близина на брегот на Мароко по укажаната прва помош им беа предадени на надлежните органи за спроведување на понатамошните законски постапки.

Инаку, секоја година илјадници нерегуларни мигранти со надеж за подобар живот од Африка преку Средоземното Море се обидуваат да заминат за Европа, но притоа еден дел од нив успеваат да пристигнат во Европа, а еден дел ги губат своите животи во морето.



Слични вести