Зголемен бројот на жртвите во Белгија

Поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во Белгија, минатата недела беа особено ефикасни во градовите како што се Лиеж, Вервие, Спа, Намур и околните градови

1679087
Зголемен бројот на жртвите во Белгија

Бројот на жртвите кои го загубија животот во поплавите што се случија минатата недела во Белгија се искачи на 37.

Националниот центар за кризи соопшти дека умреле уште 5 лица до кои порано не можеа да имаат пристап, со што вкупниот број на досега починатите изнесува 37 лица.

Укажувајќи на тоа дека претходните денови немаа пристап до 473 лица, особено во поплавите што го зафатија истокот на земјата, властите објавија дека оваа бројка сега е 6.

Продолжува потрагата по 6-те исчезнати лица, во која освен полицијата учествуваата и нуркачите, а се интензивираат истражувањата во реките и езерата во поплавената зона.

Поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во Белгија, минатата недела беа особено ефикасни во градовите како што се Лиеж, Вервие, Спа, Намур и околните градови.

Во поплавите во регионот беа уништени или станаа неупотребливи илјадници згради и мостови. Продолжуваат активностите за отстранување на рушевините во областа. Полицијата соопшти дека е зголемен бројот на екипите во областа против евентуални грабежи и кражби.

Продолжуваат активностите за поправка во многу села и градови каде што се исклучени струјата и водата. На некои места, може да бидат потребни неколку недели или дури месеци за инфраструктурата целосно да се врати во нормала.

По обилните врнежи од дожд што се очекуваат викендов, се изведуваат работи на зајакнување и надградување на кејовите на реките за да се спречи повторно излевање на реките.



Слични вести