Пофалби од руските експерти на сметка на Турција

Турција во последно време игра важна улога на меѓународната арена. Затоа, интеракцијата меѓу Русија и Турција стана важна агенда во меѓународните односи.

1679083
Пофалби од руските експерти на сметка на Турција

 

Руски експерти изјавија дека Турција игра важна улога на меѓународната сцена и стана регионална сила.

Во Институтот за актуелни меѓународни прашања поврзани при Дипломатската академија на Руското министерство за надворешни работи се одржа тркалезна маса на тема „Русија и Турција: Вчера, денес, утре“.

Олег Карповиќ, директорот на Институтот за актуелни меѓународни прашања на средбата ја истакна важноста на односите меѓу Русија и Турција и во тој контекст рече:

„Турција во последно време игра важна улога на меѓународната арена. Затоа, интеракцијата меѓу Русија и Турција стана важна агенда во меѓународните односи“.

Карповиќ изјави дека Турција започна да игра важна улога во Јужен Кавказ и Централна Азија.

Амур Гаџијев, директор на Центарот за истражувања на современа Турција во Русија, подвлече дека Турција дејствува во согласност со нејзините национални интереси и додаде:

„Турција, во последните 5 години ја зајакна својата позиција во регионот и го зголеми своето влијание врз соседните земји“.

Посочувајќи дека Русија и Турција презедоа иницијативи за решавање на прашањата за Сирија, Либија и Карабах, Гаџијев потсети дека билатералните односи се на „стратешко“ ниво.

Али Мустафабејли, раководител на Центарот за евроазиски студии при Институтот за актуелни меѓународни проблеми изрази почит кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

„Ердоган е силен лидер. Ердоган се обидува да дејствува независно“.

Радик Амиров, претседател на Евро-азискиот културен центар, рече: „Турција е важна земја од геополитичка гледна точка“.

 



Слични вести