Конфликтот меѓу Суудите и ОАЕ

Конфликтот меѓу Суудите и ОАЕ

1679079
Конфликтот меѓу Суудите и ОАЕ

 

Напнатоста меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во преговорите за квотите за производство на нафта од најголемите светски производители на нафта, наречена Опек плус, ги изнесе на виделина проблемите меѓу двете земји. И покрај тековното стратешко партнерство меѓу двете земји, фактот дека тие започнаа да се разијдуваат во однос на многу прашања, кои предизикаа дури и конфликти, исто така донесе важни шпекулации во врска со внатрешните рамнотежи на Заливот.

Ад хок структуирањето формирано од членките на Опек и Русија, наречено ОПЕК+, веќе подолго време се обидува да обезбеди цените на нафтата да останат на одредено ниво со регулирање на балансот на понуда и побарувачка. Иако беше забележано дека членовите на ОПЕК+ беа во дилема помеѓу губењето на нивниот удел на пазарот и ценовната стабилност, особено што американските производители на нафта од шкрилци го зголемија производството, членките некако успеаја да ја продолжат оваа соработка. Но, се чини дека напорите на Обединетите Арапски Емирати да ја надминат квотата за производство што им беше наметната во новата равенка, сериозно ја налути Саудиска Арабија. Меѓусебните обвинувања продолжија откако саудискиот министер за нафта, ОАЕ ги обвини на необичен начин.

ц. По се изгледа дека страните започнаа да се разијдуваат во однос на прашањата како што се Палестина, Катар и Јемен.

Во суштина, за време на ерата на Трамп, под раководство на Израел и ционистите, постоеше коалиција меѓу ОАЕ и Саудијците. Членовите на коалицијата дејствуваа заедно во врска со сите стратешки прашања во регионот. Како извршители на оваа политика се истакна Мохамед бин Зајед од ОАЕ и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, за кого се сметаше дека е под негово влијание. Меѓутоа, во оваа равенка, како што интересите на Израел и ОАЕ беа обликувани пред Саудиска Арабија, се зголемија реакциите во рамките на Кралството. Почнаа да се случуваат сериозни дивергенции, особено во однос на палестинското и јеменското прашање. Со падот на владата на Нетанјаху откако Трамп ја изгуби власта во САД, Саудијците почнаа да им даваат приоритет на нивните сопствени интереси. Со напуштањето на про-израелскиот став во однос на палестинското прашање, беа нормализирани односите со Катар. Исто така, ОАЕ се повлекоа од тековните воени операции против Хутите во Јемен. Додека Саудијците продолжија да ги обвинуваат ОАЕ за поддршка на сепаратистичкиот Јужен фронт, по состанокот на ОПЕК+, сите овие случувања излегоа на виделина.

Секако дека не треба да се мисли дека двете земји ќе влезат во конфликт и борба, но можеме да предвидиме дека Саудиска Арабија ќе дејствува ставајќи ги своите интереси во центарот и заземајќи различни позиции за многу прашања. Може да се процени дека Мохамед Бин Салман од овој процес ќе излезе многу истрошен и сметката ќе му биде пресечена нему.

Тоа беше коментарот на истражувачот за надворешна политика Џан Аџун при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести