Бројот на жртвите во поплавите во Индија се зголеми на 100 лица

Индискиот премиер Наредра Моди во објавеното соопштение го изнесе своето жалење поради човечките загуби и истакна дека ситуацијата во провинцијата Махараштра се следи одблизу и им се доставува помош на оштетените

1679294
Бројот на жртвите во поплавите во Индија се зголеми на 100 лица

Бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд коишто ги погодија западните делови на Индија се зголеми на 100 лица.

Локални функционери соопштуваат дека претходно соопштената бројка од 47 загинати поради лизгањето на земјиштето во провинцијата Махараштра се зголеми на 100 лица и дека 30 лица се водат како исчезнати.

Индискиот премиер Наредра Моди во објавеното соопштение го изнесе своето жалење поради човечките загуби и истакна дека ситуацијата во провинцијата Махараштра се следи одблизу и им се доставува помош на оштетените.

Силните монсунски дождови во Махарашрта и во другите провинции станаа причина за лизгања на земјиштето и како што се истакнува илјадници лица се заглавени и чекаат помош.

Индиската флота соопшти дека се мобилизирани екипите за спасување за евакуирање на погодените лица во провинцијата Махараштра.



Слични вести