САД и Германија постигнаа договор околу Северен тек 2

САД и Германија ветија дека ќе се спротивстават на обидот на Русија,  гасоводот „Северен тек 2“ да го користи како политичко оружје

1678560
САД и Германија постигнаа договор околу Северен тек 2

Соединетите Американски Држави (САД) и Германија постигнаа договор со кој што ќе се овозможи завршување на гасоводниот проект „Северен тек 2“ од Русија кон Европа.

Со договорот, САД и Германија ветија дека ќе се спротивстават на обидот на Русија,  гасоводот „Северен тек 2“ да го користи како политичко оружје.

Во заедничкото соопштение на двете земји беше истакнато следното:

„Соединетите Американски Држави и Германија се обединети во својата решеност да ја повикаат Русија на одговорност за нејзината агресија и злонамерни активности наметнувајќи трошоци преку санкции и други средства“.

Во соопштението беше наведено дека доколку Русиј,а енергијата ја користи како оружје или се обиде да преземе понатамошни активности против Украина, Германија ќе преземе акција на национално ниво.

Во соопштението беше забележано дека ќе има притисок со ефективни мерки на европско ниво, вклучително и воведување санкции, за ограничување на извозниот капацитет на рускиот енергетски сектор кон Европа.

Во соопштението беше наведено дека САД и Германија се обврзаа да поддржат фонд од 1 милијарда долари за Украина да ги диверзифицира своите извори на енергија, а Германија прво ќе обезбеди грант од 175 милиони долари.

Со проектот „Северен тек 2“, чијашто вкупна цена се очекува да изнесува околу 10 милијарди евра, се планира 55 милијарди кубни метри руски гас годишно преку Балтичко Море да се испорачува во Германија.

Земјите кои се противат на проектот тврдат дека со проектот Северен тек 2 се обидува да се зголеми зависноста на европските земји од Русија.



Слични вести