Средба помеѓу Путин и Алиев во Москва

Двајцата лидери, рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, дадоа изјави во делот од средбата отворен за печатот

1678050
Средба помеѓу Путин и Алиев во Москва

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа вчера во Москва.

Двајцата лидери дадоа изјави во делот од средбата отворен за печатот.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека економските односи помеѓу двете земји почнаа да се подобруваат по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Споделувајќи ја информацијата дека во врска со оваа сфера руска делегација во најскоро време ќе замине за Азербејџан, Путин напомена дека двете земји соработуваат и по прашањето на борбата против Ковид-19. 

Тој се осврна и на регионалните проблеми во врска со што велејќи дека  Алиев му придава мошне големо значење на решението на состојбата во регионот и покажува голема заинтересираност за тоа, го рече следното: „Ви благодарам за вашите залагања за изнаоѓање на компромисни решенија. Тоа секогаш е најтешкото. Но доколку посакуваме да се постигне решение за прашањето и ние го посакуваме тоа, треба да да напредуваме по тој пат. Досега успеавме да го направиме тоа.“  

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така истакна дека економските односи помеѓу двете земји се подобрија во првата половина на годината и дека тоа е мошне значајно.

Нагласувајќи дека се развиваат односите со Русија и на полето на транспортот, Алиев привлече внимание дека се одвива транспортот преку транспортниот коридор север-југ. 

Илхам Алиев укажа на состојбата во регионот по војната во Нагорно Карабах од 27 септември до 10 ноември и истакна дека биле во постојат контакт со Путин по ова прашање и дека тоа одигрува значајна улога во стекнувањето на регионот со стабилност. 

„Ние сме одлучни да помине колку што е можно безболно периодот по судирите. Мислам дека со нашите заеднички иницијативи успеваме да го правиме тоа.“ - рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

 



Слични вести