Реакција од сириската опозиција против францускиот претседател Макрон

Сириската опозиција објави писмено соопштение во врска со остварената средба на т.н. Сириски демократски совет (СДФ) раководен од ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, со францускиот претседател Макрон

1678177
Реакција од сириската опозиција против францускиот претседател Макрон

Сириската национална коалиција на опозициски и револуционерни сили покажа реакција против средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со припадниците на т.н. Сириски демократски совет (СДФ) раководен од ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Покрив организацијата на сириската опозиција објави писмено соопштение во врска со остварената средба на т.н. Сириски демократски совет (СДФ) раководен од ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, со францускиот претседател Макрон во Франција.

Во соопштението се нагласува дека помеѓу терористичката организација ПЈД/ЈПГ и ПКК постои органска врска и се вели следното: „Буди жалење и загриженост средбата на францускиот претседател со делегацијата на милициските сили на терористичката ПЈД. Да се отвори патот на третман со ПЈД, претставува прогласување на директната врска со терористичката организација ПКК. Овие милициски сили извршија природно иселување, депортација, менувајќи ја демографската структура и разни злосторства против сирискиот народ. Признавањето на овие милициски сили кои го наметнуваат присилно својот авторитет над сирискиот народ значи прекршување на територијалниот интегритет на Сирија.“ 

 

 



Слични вести