Поплави во Кина: Најмалку 25 загинати, 160 илјади евакуирани, 200 илјади раселени лица

Екипите за пребарување и спасување досега ги пронајдоа мртвите тела на 25 лица, повеќе од 160 илјади лица се евакуирани и сместени на безбедни места, а 200 илјади лица се раселени

1678333
Поплави во Кина: Најмалку 25 загинати, 160 илјади евакуирани, 200 илјади раселени лица

Во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во провинцијата Хинан во Кина, животите ги загубија најмалку 25 лица, а 7 мина се водат како исчезнати.

Поплавите до коишто дојде по вчерашните поројни врнежи во Хинан станаа причина за човечки загуби.

Екипите за пребарување и спасување досега ги пронајдоа мртвите тела на 25 лица, а повеќе од 160 илјади лица се евакуирани и сместени на безбедни места.

Поради катастрофата се раселени 200 илјади лица.

Во објавеното писмено соопштение од локалната управа на Џингџоу се истакнува дека мошне тешко е да се стават под контрола поплавите и нивото на катастрофата е дефинирано како „извонредно високо“.

Во провинцијата Хинан кадешто поради силните дождови се доживуваат прекини во електричната струја, водата и транспортот, се излеаја од своите корита 46 реки.

Во објавеното соопштение од Бирото за метеорологија Џингџоу се истакнува дека за три дена во градот се забележани врнежи од 617 милиметри и дека тоа претставува највисоа количина во послендите 60 години.

Поплавите и надојдените води коишто причинија штети на повеќе од 9 илјади хектари земјоделски површини исто така предизвикаа економски загуби во висина од 11,3 милиони долари.

 



Слични вести