Гутерес остро го осуди бомбашкиот напад на еден пазар во ирачкиот главен град Багдад

Во објавеното соопштение од Портпаролството на генералниот секретар се истакнува дека Гутерес остро го осудува страотниот напад чија цел беа цивилите и дека го изразува своето сочувство до семејствата на жртвите, ирачката Влада и до ирачкиот народ

1678046
Гутерес остро го осуди бомбашкиот напад на еден пазар во ирачкиот главен град Багдад

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес остро го осуди завчерашниот бомбашки напад што беше извршен на еден пазар во ирачкиот главен град Багдад, на еден ден пред празникот Курбан Бајрам.

Во објавеното соопштение од Портпаролството на генералниот секретар се истакнува дека Гутерес остро го осудува страотниот напад чија цел беа цивилите и дека го изразува своето сочувство до семејствата на жртвите, ирачката Влада и до ирачкиот народ.

Во соопштението се вели дека извршителите на нападот што поскоро треба да и бидат предадени на правдата и се додава следното: „Овој смртоносен напад пред Курбан Бајрам не потсетува сите дека терористичката неволја не признава граници.“

Во експлозијата што се случи завчера, на арифе, еден ден пред Курбан Бајрам, на еден пазар во областа Садр во главниот град на Ирак, Багдад загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 60 мина се ранети.



Слични вести