Бројот на жртвите во поплавите во Германија се зголеми на 171 лице

Според најнови добиени информации бројот на жртвите во поплавите и надојдените води во Германија се искачи на 171 од кои 122 лица во Рајнланд-Пфалц, 48 во Северна Рајна-Вестфалија и едно лице во Баварија

1678049
Бројот на жртвите во поплавите во Германија се зголеми на 171 лице

Бројот на загинатите во поплавите и надојдените води предизвикани од силните врнежи од дожд во покраините Рајнланд-Пфлац, Северна Рајна-Вестфалија и Баварија во Германија се зголеми на 171 лице.

Во веста на германската новинска агенција „ДПА“ повикувајќи се на полицијата во Кобленц се истакнува дека бројот на загинатите во катастрофата од поплави во покраината Рајнланд-Пфалц се искачи на 122 лица.

Во веста се споделува информацијата дека во областа Ахрвајлер се трага по 155 исчезнати лица и дека бројот на повредените во покраината Рајнланд-Пфлац изнесува 763 лица.

Бројот на загинатите во поплавите во покраината Северна Рајна-Вестфалија се истакнува дека се зголеми на 48 лица,

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата во Келн се истакнува дека во месноста Бад Мунстерејфел е пронајдено едно мртво тело чиј идентитет се уште не е утврден.

Во соопштението се вели дека со повеќе од 850 лица за кои претходно беше истакнато дека се водат како исчезнати е воспоставена комуникација преку телефон и дека во моментов во областа Рхајн-Сиег во Бон се трага по 14 лица и по 2 лица во областа Еускиршен.

Во покраината Баварија се истакнува дека животот го загуби едно лице.

На тој начин според најнови добиени информации бројот на жртвите во поплавите и надојдените води во Германија се искачи на 171.

Од друга страна, поради активностите за доставување помош на областите погодени од кататстрофата од поплави или поради колективните места за згрижувањена погодените од поплавите, се стравува и од зголемување на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Како што се истакнува, Министерството за здравство на покраината Рајнланд-Пфлац се подготвува да реализира акција за вакцинација во областите погодени од поплавите.

Во меѓувреме, продолжуваат и активностите за пребарување и спасување и за кревање на рушевините и чистење на теренот во погодените области од поплавите и надојдените води.

 



Слични вести