Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во Багдад се зголеми на 30 лица

Во објавеното соопштение на една интернет страница блиска со терористичката организација ДЕАШ се истакнува дека нападот е извршен од нејзина страна

1677775
Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во Багдад се зголеми на 30 лица

Бројот на загинатите во реализираниот самоубиствен бомбашки напад вчера на еден пазар во главниот град на Ирак, Багдад се зголеми на 30 лица, а повеќе од 60 лица се ранети.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Во објавеното соопштение на една интернет страница блиска со терористичката организација ДЕАШ се истакнува дека нападот е извршен од нејзина страна.

Во експлозијата којашто се случи вчера за време на насобраните луѓе на еден пазар на арифе, еден ден пред муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, според првични добиени информации животите ги загубија 30 лица, а повеќе од 60 мина се ранети. Меѓу загинатите се наоѓаат и жени и деца.

Ирачкиот премиер Мустафа ел-Казими издаде директива за приведување на командантот одговорен за областа кадешто е извршен нападот како и за започнување на истрага во врска со овој напад.



Слични вести