Расте билансот на жртвите во катастрофата од поплавите во Белгија: 31 загинат, 163 исчезнати лица

Бројот на загинатите во поплавите во Белгија се зголеми на 31 лице, а 163 лица сѐ уште се водат како исчезнати

1677099
Расте билансот на жртвите во катастрофата од поплавите во Белгија: 31 загинат, 163 исчезнати лица

Во Белгија додека од една страна се водат обиди за санирање на раните од катастрофата од поплави, според најнови добиени вести бројот на загинатите се зголеми на 31, а 163 лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување коишто започнаа завчера по намалувањето на нивото и повлекувањето на водата од реките.

Досега е установено дека животите ги загубија 31 лице, се трага по 163 лица кои се водат како исчезнати, а продолжуваат и работите за чистење и утврдување на штетите.

Белгискиот премиер Александер де Кро во дадената изјава вчера истакна дека штетата во земјата е многу голема и дека ќе побара да се активира фондот за солидарност на Европската унија (ЕУ).

На 37 илјади домаќинства погодени од поплавите сѐ уште не може да им се доставува електрична струја.

Белгиската Влада поради катастрофата од поплави на 29 јули прогласи национална жалост и ги откажа прославите на независноста на 21 јули.

Силните врнежи од дожд ги зафатија особено областите Лиеж, Вервиерс, Спа, Намур и Лимбург во источните делови на Белгија.

 



Слични вести