Предупредување од Палестина до израелскиот премиер Нафтали Бенет за упадите во Месџид-и Акса

Во соопштението од кабинетот на палестинскиот претседател и од Палестинската ослободителна организација е покажана реакција против изјавата на израелскиот премиер Нафтали Бенет за продолжување на упадите во Месџид-и Акса на „организиран и безбеден начин“

1677219
Предупредување од Палестина до израелскиот премиер Нафтали Бенет за упадите во Месџид-и Акса

Претседателството на Палестина го предупреди израелскиот премиер Нафтали Бенет по прашањето на тоа дека неговата инструкција во врска со случувањата во Месџид-и Акса ги водат настаните кон опасен верски судир.

Во објавеното писмено соопштение од кабинетот на палестинскиот претседател и соопштението на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) е покажана реакција против изјавата на израелскиот премиер Нафтали Бенет за продолжување на упадите во Месџид-и Акса на како што рече „организиран и безбеден начин“.

Во соопштението од кабинетот на палестинскиот претседател се вели следното: „Ваквите изјави на Бенет ја зголемуваат затегнатоста и настаните ги водат кон опасен верски судир.“

Освен тоа во сооштението се додава и следното: „Израелската Влада сноси одговорност за зголемувањето на судирите, како и поради тоа што ги спречува меѓународните напори за решение и извршува вакви видови провокации особено пред светиот празник Курбан Бајрам.“

Во објавеното соопштение од страна на Палестинската ослободителна орагнизација (ПЛО) пак, во врска со инструкцијата на израелскиот премиер Нафтали Бенет се изнесува следната проценка: „Тоа е повик во правец на вршење организиран државен терор под заштита на окупаторските сили.“

Инаку, вчера почнувајќи од утринските часови повеќе од 1.500 фанатизирани Евреи под заштита на израелската полиција  упаднаа во Месџид-и Акса, а по повод денот на жалост познат по името „Тиша БеАв“, ден кога Евреите го оплакуваат рушењето на Соломоновиот храм.

Палестинците покажаа реакција против овој упад на фанатизираните Евреи при што дојде до судири во Харем-и Шериф помеѓу Палестинците и израелската полиција.

Израелската полиција употреби гумени куршуми и солзавец врз Палестинците,а беа притворени и голем број Палестинци. 

 



Слични вести