Азербејџанскиот претседател Алиев во Баку се состана со претседателот на Европскиот совет Мишел

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел одржаа заедничка прес-конфаренција, кадешто Алиев го рече следното: „Сега дојде времето да се мисли за мирот и да се заврте страницата“

1677191
Азербејџанскиот претседател Алиев во Баку се состана со претседателот на Европскиот совет Мишел
Azerbaycan Cumhurbaşkanı İlham Aliyev AB Konseyi Başkanı Charles Michel2.jpg

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој по остварените средби и разговори во главниот град на Ерменија, Ереван допатува во посета на Баку. 

Алиев и Мишел по остварената средба на деловен ручек, одржаа заедничка прес-конференција.

Во говорот што го одржа овде, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го рече следното: „Сега дојде времето да се мисли за мирот и да се заврте страницата.“

Нагласувајќи дека Европската унија (ЕУ) е главниот трговски партнер на Азербејџан, Алиев ја сподели информацијата дека неговата земја приближно 40 отсто од трговијата ја реализира со Европската унија (ЕУ) и дека исто така во неговата земја делуваат повеќе од 1.700 компании од земјите на Унијата.

Илхам Алиев напомена дека е ставено крај на долгогодишната окупација на азербејџанските територии од страна на Ерменија и го додаде следното: „Азербејџан самиот ги реализира резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во кои се бараше од ерменската армија целосно и безусловно да се повлече од нашите територии. И Азербејџан ја заврши војната. Сега дојде времето да се мисли за мирот и да се заврте страницата. Ние сме подготвени за тоа. Денеска со почитуваниот Мишел преговаравме обемно за нашите планови, иницијативи и приоди во правец на новата состојба. Мислам дека во релативно кусо време презентирајќи добронамреност и мошне прагматичен приод би можеле да ги решиме повеќето од проблемите коишто стојат на масата и дека би можеле да ги поставиме темелите на една поширока регионална соработка. Европската унија (ЕУ) одигрува мошне значајна улога и јас сум сигурен дека ќе продолжи да ја одигрува таа нејзина улога по ова прашање.“

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пак, истакна дека му ги доставил на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пораките на Ереван и додаде дека Европската унија (ЕУ) е подготвена да одигрува колку што е можно позитивна и конструктивна улога по ова прашање.

 



Слични вести