Бројот на жртвите во поплавите во Германија се зголеми на 156 лица

Продолжува да расте бројот на загинатите во поплавите и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во покраините Рајнланд-Пфлац и Северна Рајна-Вестфалија возападните делови на Германија

1676941
Бројот на жртвите во поплавите во Германија се зголеми на 156 лица

Бројот на загинати во поплавите и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во покраините Рајнланд-Пфлац и Северна Рајна-Вестфалија во ападните делови на Германија се зголеми на 156 лица.

Според објавеното соопштение од полицијата во Кобленц, бројот на загинатите во катастрофата од поплави во покраината Рајнланд-Пфалц се искачи на 110 лица.

Во соопштението се истакнува дека во поплавите се повредени 670 лица и дека постои можност да се зголеми бројот на жртвите.

Воедно и Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија ја сподели информацијата дека бројот на жртвите во оваа покраина се зголеми на 45 лица.

Од друга страна, силните врнежи од дожд коишто ги погодија јужните и источните делови на земјата синоќа станаа причина за поплави и надојдени денови.

Во областа Берхтесгаденер Ланд во покраината Баварија на границата со Австрија, поради поплавите и лизгањето на земјиштето е прогласена „итна состојба“.

Во објавеното соопштение од страна на локалната управа, во оваа област загина најмалку едно лице.

На тој начин вкупниот број на лицата кои ги загубија животите во поплавите и надојдените води во Германија се зголеми на 156.

Според вестите коишто пристигнуваат, силни врнежи од дожд има и во областа Зексише Швајц во провинцијата Саксонија во источниот дел на земјата кадешто реките ги преплавија своите корита и се потопени бодрумските спратови на куќите и улиците.

 



Слични вести