Во напад на сирискиот режим врз цивилни населени места во Идлиб загинаа 6 лица, 6 мина се ранети

Во напад на сирискиот режим врз цивилни населени места во Идлиб во северозападниот дел на Сирија животите ги загубија 6 цивили, а 6 мина се ранети

1676833
Во напад на сирискиот режим врз цивилни населени места во Идлиб загинаа 6 лица, 6 мина се ранети

Во реализиран напад од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи прекршувајќи го прекинот на огнот врз населени места во подрачјето за намалување на затегнатоста во Идлиб загинаа 6 цивили, а 6 мина се ранети.

Режимските сили составени од армијата на режимот на Бешар Асад и странските терористички сили поддржани од Иран распоредени во населеното место Маратунуман во југоисточниот дел на Идлиб реализираа напад со тешко оружје врз селото Серџе во подрачјето на Идлиб. 

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана, според првите проценки во нападот ги загубија животите 6 цивили од кои две деца.

Во нападот се ранети и 6 мина цивили од кои тројца вработени за Цивилна одбрана. 

Ранетите се префрлени на лекување во околните болници.

 



Слични вести