Дибејбе: Платениците и странските борци претставуваат опасност за политичкиот процес во Либија

Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе на состанокот во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) посветен на Либија, во Њујорк го рече следното: „Платениците и странските борци претставуваат опасност за политичкиот процес во земјата

1676196
Дибејбе: Платениците и странските борци претставуваат опасност за политичкиот процес во Либија

Либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе на состанокот што се одржа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) посветен на Либија, во Њујорк во Соединетите Американски држави (САД), говореше во врска со најновата политичка и безбедносна ситуација во земјата и националните избори за кои се планира да се одржат на 24 декември оваа година.

Дибејбе истакна дека продолжувањето на присуството на платениците и странските борци претставува вистинска опасност за политичкиот процес во земјата.

Велејќи дека за поддршка на изборите е формиран Комитет на министерско ниво, Дибејбе рече: „Иако сè уште не е одобрен буџетот од страна на Претставничкото Собрание, ѝ доделивме финансиски средства на Високата изборна комисија во рамките на можностите.“

Либискиот премиер истакна дека Владата на национално единство постигна значаен напредок во обединувањето на поделените државни институции во земјата и стави акцент на препреките пред обединувањето на Армијата.

Дибејбе побара од меѓународната заедница да ја поддржи Либија во обединувањето на Армијата и безбедносните институции, а воедно го рече следното: „

„Продолжувањето на присуството на платениците и странските борци претставува вистинска опасност за обезбедување на континуитетот на актуелниот политички процес, одржувањето на примирјето и за обединувањето на Армијата. Владата на националното единство нагласува дека продолжувањето на присуството на платениците и странските борци на териториите на Либија е дека тие мораат веднаш и едноврмено да ја напуштат земјата.“

 



Слични вести