Бајрактар АКИНЏИ оствари лет во чест на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство

Турското офанзивно беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ“ за време на реализираниот лет над заливот Сарос во Чанаккале во чест на 15 јули на набото напиша „15“  и зацрта полумесечина

1676362
Бајрактар АКИНЏИ оствари лет во чест на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство

Турското офанзивно беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ“ во чест на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство синоќа оствари „Лет за оддавање почит“.

Во споделената објава на профилот на компанијата „Бајкар“ на социјалната мрежа Твитер е напишано следното: „Бајрактар АКИНЏИ С-1 го заврши својот Лет за оддавање почит 15 јули! #Турција не може да се премине.“

„Бајрактар АКИНЏИ С-1“ за време на реализираниот лет над заливот Сарос во Чанаккале во чест на 15 јули на набото напиша „15“  и зацрта полумесечина.

Турското офанзивно беспилотно летало (ТИХА) „Бајрактар АКИНЏИ“ кој е развиен од страна на компанијата „Бајкар“ со домашни и национални можности, минатата недела се искачи и леташе на надморска височина од 38.039 фита (11.594 метри), остана во воздух 25 часа 46 минути и го постигна рекордот на летање на најголема надморска височина во историјата на турското воздухопловство.

 



Слични вести