Во Аргентина се одржаа демонстрации во знак на поддршка на кубанската влада

Со цел да се избегне судир меѓу двете групи, полицијата го спречи соочувањето на спротивставени групи

1675819
Во Аргентина се одржаа демонстрации во знак на поддршка на кубанската влада

 

Во Аргентина се одржаа демонстрации во знак на поддршка кубанската влада против антивладините протести што започнаа на 11 јули во Куба.

На повик на левичарските групи пред амбасадата на Куба во главниот град Буенос Аирес, се собраа стотици луѓе под насловот „Куба не е сама“.

Демонстрантите ја поддржаа владата на Кубанската комунистичка партија (ПЦЦ), која за прв пат во својата 60-годишна историја се соочи со големи улични демонстрации и побараа укинување на санкциите наметнати од САД врз Куба.

Противниците на ПЦЦ се собраа на улицата каде што се наоѓа амбасадата со цел да ги поддржат протестите во Куба.

Со цел да се избегне судир меѓу двете групи, полицијата го спречи соочувањето на спротивставени групи.

Кубанците, кои се меѓу противниците на ПЦЦ, своето незадоволство го искажаа затоа што не можеа да одржат демонстрации пред амбасадата на нивната земја.

Групата која извикуваше пароли против комунизмот и социјализмот, остро го критикуваше кубанскиот претседател Дијаз Канел.



Слични вести