Од удари на гром во Индија загинаа најмалку 38 лица

Полициски функционери соопштија дека поради удари на гром за време на поројните врнежи од дожд проследени со грмотевици во државите Раџастан и Утар Прадеш животите ги загубија најмалку 38 лица, а десетици лица се повредени

1673877
Од удари на гром во Индија загинаа најмалку 38 лица

Од удари на гром во Индија настрадаа најмалку 38 лица.

Полициски функционери соопштија дека поради удари на гром за време на поројните врнежи од дожд проследени со грмотевици во државите Раџастан и Утар Прадеш животите ги загубија најмалку 38 лица, а десетици лица се повредени.

Полицискиот службеник Ананд Сривастава истакна дека 11 лица ги загубиле животите при удар на гром додека се фотографирале во близина на тврдфината Амбер во државата Раџастан.

Сривастава рече дека на териториите на Раџастан од удари на гром животите ги загубиле уште 9 лица, а 20 лица биле повредени.

Во меѓувреме, 18 лица ги загубија животите и во државата Утар Прадеш каде што се забележани монсунски дождови и грмотевици.

Функционери на Утар Прадеш соопштија дека на блиските на загинатите и повредените од ударите на гром ќе им биде биде исплатен паричен надомест.

Одделот за метеорологија на Индија предупреди во однос на тоа дека на 13 и 14 јули ќе дојде до поголеми грмотевици и удари на гром.

Инаку, монсунските дождови во Јужна Азија кои стануваат влијателни во периодот јуни-септември секоја година стануваат причина за нанесување на природни катастрофи и несреќи од големи димензии.

Така во Индија секоја година од удари на гром годишно животите ги губат приближно 2 илјади лица.

 



Слични вести