Убиен во атентат претседателот на Хаити Жовенел Моиз

Премиерот на Хаити Клод Џозеф потврди со соопштение дека претседателот Жовенел Моиз е убиен од група напаѓачи кои не биле идентификувани, но се наведува дека зборувале шпански

1671485
Убиен во атентат претседателот на Хаити Жовенел Моиз

Претседателот на Хаити Жовенел Моиз го загуби животот во извршен атентат во неговиот дом.

Премиерот на Хаити Клод Џозеф потврди со соопштение дека претседателот Жовенел Моиз е убиен од група напаѓачи кои не биле идентификувани, но се наведува дека зборувале шпански.

Премиерот Џозеф изјави дека претседателот Моиз го загуби животот во извршен вооружен напад од страна на неидентификувани лица кои доцна ноќе влегле во неговиот дом во главниот град Порт о Принц.

Премиерот на Хаити Клод Џозеф истакна дека ја презел власта во земјата.

Како што се истакнува, истрелите од огнено оружје за време на нападот се слушнале од центарот на главниот град.

 



Слични вести