Бројот на жртвите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 36

Градоначалничката на Мајами-Дејд Даниела Левин Кава соопшти дека во активностите за пребарување и спасување од рушевините на зградата се извлечени мртвите тела на уште четири лица и дека со тоа бројот на загинатите се искачи на 36 лица

1671259
Бројот на жртвите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 36

Бројот на загинатите во делумно урнатата 13 спратна зграда на 24 јуни на Авенијата Сурфсајд во познатото туристичко одморалиште Мајами Бич, во близина на Мајами во сојузната држава Флорида, во САД се зголеми на 36 лица.

Градоначалничката на Мајами-Дејд Даниела Левин Кава соопшти дека продолжуваат работите за пребарување и спасување и дека од рушевините на зградата се извлечени мртвите тела на уште четири лица.

На тој начин бројот на загинатите се искачи на 36 лица.

Кава истакна дека од 36 извлечени мртви тела под рушевините досега се идентификувани 26 лица, додека 109 лица се уште се наоѓаат затрупани.

Поради тропската бура Елса којашто наближува кон Флорида поради безбедносни причини беше срушен со контролирана експлозија и останатиот јужен дел на урнатата зграда.

Инаку, на 24 јуни во четврток, на Авенијата Сурфсајд со приближно 5.600 жители во северниот дел на познатото туристичко одморалиште Мајами Бич во близина на Мајами во сојузната држава Форида во САД, се урна еден дел од 13 спратна луксузна зграда од 270 станови.

Официјални претставници на Сурфсајд во допишувањата со управата на зградата во 2018 година привлекле внимание дека зградата која била изградена во 1981 година има големи структурни оштетувања и известиле дека за поправка на испуканите столбови и бетонот што се распаѓа се потребни приближно 9 милиони долари.

 



Слични вести