Бројот на жртвите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 32

Заменик шефот на противпожарната служба на Мајами-Дејд Реид Џедалах соопшти дека во активностите за пребарување и спасување коишто продолжуваат во рушевините на зградата се пронајдени мртвите тела на уште 4 лица со што бројот на жртвите се искачи на 32

1671060
Бројот на жртвите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 32

Во активностите за пребарување и спасување во рушевините на делумно урнатата 13 спратна зграда на 24 јуни, на Авенијата Сурфсајд во познатото туристичко одморалиште Мајами Бич, во близина на Мајами во сојузната држава Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД), се извадени мртвите тела на уште 4 лица со што бројот на загинатите се зголеми на 32 лица.

Заменик шефот на противпожарната служба на Мајами-Дејд Реид Џедалах соопшти дека во активностите за пребарување и спасување коишто продолжуваат во рушевините на зградата се пронајдени мртвите тела на уште 4 лица.

Велејќи дека поради дождот и молњи работите биле прекинати за 2 два часа, Џадалах истакна дека во активностите за пребарување и спасување досега се кренати приближно 2.500 тони рушевини.

Сѐ уште не можат да се добијат информации од 117 лица за кои се проценува дека се затрупани.

Поради тропската бура Елса којашто наближува кон Флорида поради безбедносни причини завчера во 22:30 часот по локално време беше срушен со контролирана експлозија и останатиот јужен дел на урнатата зграда.

Инаку, на 24 јуни во четврток, на Авенијата Сурфсајд со приближно 5.600 жители во северниот дел на познатото туристичко одморалиште Мајами Бич во близина на Мајами во сојузната држава Форида во САД, се урна еден дел од 13 спратна луксузна зграда од 270 станови.

Официјални претставници на Сурфсајд во допишувањата со управата на зградата во 2018 година привлекле внимание дека зградата која била изградена во 1981 година има големи структурни оштетувања и известиле дека за поправка на испуканите столбови и бетонот што се распаѓа се потребни приближно 9 милиони долари.

 



Слични вести