Во близина на брегот на Тунис извадени мртвите тела на најмалку 21 удавен мигрант

Портпаролот на Националната гарда на Тунис Хусамеддин Џибали информира дека во близина на брегот на Тунис јужно од градот Сфакс се извлечени мртвите тела на уште најмалку 21 удавен мигрант

1670319
Во близина на брегот на Тунис извадени мртвите тела на најмалку 21 удавен мигрант

Во близина на брегот на Тунис се извлечени мртвите тела на најмалку 21 удавен мигрант.

Портпаролот на Националната гарда на Тунис Хусамеддин Џибали информира дека во четири одделни катастрофи со потонување на чамци коишто се доживеани јужно од градот Сфакс во последните 10 дена се пронајдени мртвите тела на уште 21 удавен мигрант со што бројот на загинатите досега се зголеми на 49.

Велејќи дека во четири одделни случаи во Средоземното Море во близина на брегот на Тунис се спасени 78 лица, Џибали рече дека на наведените четири бродови се наоѓале 135 нерегуларни мигранти и дека 8 лица се водат како исчезнати.

Инаку, Тунис е една од рутите на нерегуларните мигранти кои преку Средоземното Море се обидуваат да пристигнат до италијанскиот остров Лампедуза, а оттаму да замнат во европските земји.



Слични вести