Порака со сочувство од ОН за жртвите во лизгањето на земјиштето во јапонскиот град Атами

„Генералниот секретар го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на оштетените, до јапонската Влада и јапонскиот народ“се истакнува во објавеното соопштение од портпаролството на Генералниот секретаријат на ООН

1670472
Порака со сочувство од ОН за жртвите во лизгањето на земјиштето во јапонскиот град Атами

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес објави порака со сочувство за загинатите во лизгањето на земјиштето и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во градот Атами во Јапонија, на 90 километри југозападно од главниот град Токио.

Во објавеното соопштение од портпаролството на Генералниот секретаријат на ООН се истакнува дека генералниот секретар Антонио Гутерес го изразил своето жалење за загинатите во оваа елементарна непогода и се споделува следното: „Генералниот секретар го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на оштетените, до јапонската Влада и јапонскиот народ.“

Инаку, во лизгањето на земјиштето и надојдените води предизвикани од поројните врнежи од дожд во градот Атами во Јапонија, на 90 километри југозападно од главниот град Токио, животите ги загубија 4 лица, а 64 лица беа водени како исчезнати.

Во погодениот град од лизгање на земјиштето и надојдените води е причинета штета во повеќе од 130 домаќинства, а за повеќе од 20 илјади домаќинства е издадена наредба за евакуација.

На третиот ден од поплавите и лизгањето на земјиштето во градот во тек се и активностите за пребарување и спасување.



Слични вести