Нема преживеани по падот на авионот во близина на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија

Според првични информации во несреќата животите ги загубиле сите 28 лица кои се наоѓале во авионот од кои 22 патници и шест членови на екипажот

1670833
Нема преживеани по падот на авионот во близина на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија

Како што се истакнува нема преживеани од авионот во кој се наоѓале 28 лица и кој денеска паднал во морето во близина на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија, додека се подготвувал да слета.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека авионот од типот Антонов AN-26 летал од градот Петропавловск-Камчатски кон Палана, село на северот од Камчатка и притоа изгубил контакт со Центарот за контрола на летот.

Според првични информации во несреќата животите ги загубиле сите 28 лица кои се наоѓале во авионот од кои 22 патници и шест членови на екипажот.

Новинската агенција „ТАСС“ претходно соопшти дека рускиот авион од типот Антонов AN-26 изгубил контакт со центарот за контрола на летот. Авионот паднал во морето во близина на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија, по што веднаш биле започнати и активностите за пребарување и спасување со хеликоптери и авиони.

Според новинската агенција „ТАСС“, остатоците на срушениот авион се пронајдени на 4 километри од селото Палана.

Утврдените остатоци поради тоа што се пронајдени на рутата на исчезнатиот авион се мисли дека му припаѓаат на овој авион.



Слични вести