Напад со пивско шише врз џамијата Ајасофја во Амстердам, Холандија

Во објавеното соопштение од Федерацијата за Национално мислење се истакнува дека постои загриженост за животната безбедност, ѝ на раководството на џамијата, ѝ на џемаатот, верниците на џамијата

1670553
Напад со пивско шише врз џамијата Ајасофја во Амстердам, Холандија

Извршен напад со пивско шише врз џамијата Ајасофја на Федерацијата за Национално мислење во главниот град на Холандија, Амстердам.

Во нападот беа скршени прозорците на џамијата.

Во објавеното соопштение од Федерацијата за Национално мислење се истакнува дека постои загриженост за животната безбедност, ѝ на раководството на џамијата, ѝ на џемаатот, верниците.

Во соопштението се привлекува внимание на говорите на омраза и расистичките напади коишто се во подем во земјата и се споделува информацијата дека од минатата година досега истата џамија по втор пат е подложена на напад.

Во соопштението исто така се упатува повик до холандските безбедносни сили и властите во оваа земја да се спротивстават и да ги преземат потребните мерки против овие видови расистички напади, без правење на никакви разлики. 

Џамијата Ајасофја во главниот град на Холандија, Амстердам беше цел на расистички напад и во декември 2020 година.



Слични вести