Бројот на загинатите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 28

Бројот на загинатите во делумно урнатата 13 спратна зграда на Авенијата Сурфсајд во северниот дел на познатото туристичко одморалиште Мајами Бич, во близина на Мајами во сојузната држава Флорида, во САД се зголеми на 28 лица

1670661
Бројот на загинатите во урнатата зграда во Флорида, во САД се зголеми на 28

Во активностите за пребарување и спасување во рушевините на делумно урнатата 13 спратна зграда на 24 јуни, на Авенијата Сурфсајд во познатото туристичко одморалиште Мајами Бич, во близина на Мајами во сојузната држава Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД) е извадено мртвото тело на уште едно лице.

На тој начин бројот на загинатите се зголеми на 28 лица.

Според вестите објавени во локалниот печат, во активностите за пребарување и спасување коишто продолжуваат меѓу рушевините на зградата како последно е извадено мртвото тело на уште едно лице, додека сѐ уште не можат да се добијат информации од 117 лица за кои се проценува дека се затрупани.

Поради тропската бура Елса којашто наближува кон Флорида поради безбедносни причини завчера во 22:30 часот по локално време беше срушен со контролирана експлозија и останатиот јужен дел на урнатата зграда.

Инаку, на 24 јуни во четврток, на Авенијата Сурфсајд со приближно 5.600 жители во северниот дел на познатото туристичко одморалиште Мајами Бич во близина на Мајами во сојузната држава Форида во САД, се урна еден дел од 13 спратна луксузна зграда од 270 станови.

Официјални претставници на Сурфсајд во допишувањата со управата на зградата во 2018 година привлекле внимание дека зградата која била изградена во 1981 година има големи структурни оштетувања и известиле дека за поправка на испуканите столбови и бетонот што се распаѓа се потребни приближно 9 милиони долари.

 



Слични вести