Американските сили срушија наоружани беспилотни летала над Амбасадата на САД во Багдад

Анонимен ирачки безбедносен извор изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ дека наоружани беспилотни летала кои летале над Амбасадата на САД во Багдад се погодени и срушени од страна на американските сили со помош на ракетно одбранбениот систем

1670501
Американските сили срушија наоружани беспилотни летала над Амбасадата на САД во Багдад

Како што се истакнува, од страна на американските сили се погодени наоружани беспилотни летала коишто летале над Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во главниот град на Ирак, Багдад.

Анонимен ирачки безбедносен извор во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека наоружани беспилотни летала кои летале над Амбасадата на САД во Багдад се погодени и срушени од страна на американските сили со помош на ракетно одбранбениот систем.

Како што е установено против наведените наоружани беспилотни летала бил активиран ракетно одбранбениот систем на Амбасадата на САД во близина на Зелената зона во Багдад.

Инаку, вчера беше реализиран ракетен напад врз американската воена база Ајн ал-Асад, во провинцијата Анбар во Ирак.

Како што се тврди, нападите против цели на Соединетите Американски Држави (САД) се реализираат од страна на ирачките шиитски милициски сили блиски со Иран.

 



Слични вести