Во напад на сириските режимски сили врз Идлиб загинаа 8 цивили, а 9 мина се ранети

Хасан ел-Ахмет, одговорен за медиуми на Цивилната одбрана во Сирија, во дадената изјава за новинската Агенција Андолија „АА“ истакна дека режимските сили реализираа напад со артилериски орудија врз селата Иблин, Мешун и Белјун на југот на Идлиб

1669184
Во напад на сириските режимски сили врз Идлиб загинаа 8 цивили, а 9 мина се ранети

Во реализиран напад од страна на режимот на Бешар Асад и терористичките групи поддржани од Иран во Сирија врз подрачјето за намалување на загетнатоста (деескалационата зона) во градот Идлиб, загинаа 8 цивили, а 9 мина се ранети.

Хасан ел-Ахмет, одговорен за медиуми на Цивилната одбрана (Белите баретки) во Сирија, во дадената изјава за новинската Агенција Андолија „АА“ истакна дека режимските сили реализираа напад со артилериски орудија врз селата Иблин, Мешун и Белјун на југот на Идлиб.

Ахмет информира дека во нападот животите ги загубија вкушно 8 цивили од кои 5 во Иблин, 2 во Белјун и 1 во Мешун, а 9 цивили се ранети кои се префрлени на лекување во околните болници.

Инаку, на 5 март 2020 година во Москва беше постигнат меморандум помеѓу Турција и Русија за прекин на огнот во подрачјето за намалување на загетнатоста (деескалационата зона) во градот Идлиб.

Прекинот на огнот повремено се прекршува од страна на режимските сили, но во голема мера се почитува.



Слични вести