Сите странски сили ја напуштија воздушната база Баграм во близина на Кабул

Според веста на новинската агенција „Ројтерс“ сите странски воени сили ја напуштија воздушната база “Баграм“ во Авганистан и базата им е предадена на авганистанските сили за национална безбедност и одбрана

1668918
Сите странски сили ја напуштија воздушната база Баграм во близина на Кабул

Во период кога продолжува процесот на повлекување на меѓународните воени сили од Авганистан целосно е напуштена и воздушната база Баграм која се наоѓа на 50 километри од главниот град Кабул.

Според веста на новинската агенција „Ројтерс“ ослонувајќи се на еден функционер на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД), сите странски воени сили ја напуштија воздушната база “Баграм“ во Авганистан и базата им е предадена на авганистанските сили за национална безбедност и одбрана.

На тој начин се доаѓа до крајот на мисијата во Авганистан којашто започна по нападите од 11 септември 2001 година.

Германија и Италија претходно соопштија дека е завршен процесот на повлекување на своите војници кои се наоѓаа во Авганистан, во склопот на НАТО.

САД исто така соопштија дека заврши повеќе од 50 отсто од процесот на повлекување од Авганистан.

 



Слични вести