Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија уби со измачување најмалку 67 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави извештај во врска со злосторствата коишто ги извршува сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК против цивилното население во областите коишто ги окупира во Сирија

1667762
Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија уби со измачување најмалку 67 цивили

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК уби со измачување најмалку 67 мина од лицата кои ги приведе во последните 5 години во Сирија.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) која ги документира прекршувањата на правата на цивилите, објави извештај во врска со злосторствата коишто ги извршува сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК против цивилното население во областите коишто ги окупира во Сирија.

Во извештајот на мрежата се истакнува дека терористите на ЈПГ/ПКК за време на граѓанската војна во Сирија од 2016 година досега убија со измачување најмалку 67 лица од кои едно дете и две жени.

Во извештајот се вели дека во извршените измачувања од страна на сепаратистичко-терористичката организација има траги на одмазда и се нагласува дека приведените лица биле подложени на различни измачувања.

Во извештајот исто така се истакнува дека во извршените измачувања на организацијата во последните 6 месеци животите ги загубија најмалку 6 лица и дека не можат да се добијат информации и во врска со судбината на најмалку 3.417 лица кои се приведени во затворите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во областите коишто ги држи под окупација во североисточниот дел на Сирија.

 



Слични вести