Имран Хан: „Со САД можеме да бидеме партнери за мир, а не за војна“

Пакистанците и Авганистанците се браќа и Исламабад ги почитува нивните одлуки

1667768
Имран Хан: „Со САД можеме да бидеме партнери за мир, а не за војна“

Пакистанскиот премиер Имран Кан за односите со Соединетите држави (САД) рече: „Пакистан може да биде партнер со САД за мир, но никогаш за војна“.

Според информациите во пакистанските локални медиуми, Кан во својот говор во парламентот рече дека Пакистанците и Авганистанците се браќа и Исламабад ги почитува нивните одлуки.

Кан потенцирајќи дека Пакистан не треба да се приклучи во американската војна против Авганистан, рече: „Ме прашаа за обезбедување база за Соединетите Американски Држави. Соединетите Американски Држави беа поразени во Авганистан и тие се обидоа да не обвинат за нивниот пораз“.

Нагласувајќи дека нема да направат отстапки во однос на суверенитетот на Пакистан, Кан рече:

„Пакистан може да биде партнер за мир со САД, но никогаш за војна“.

Во изјавата на 19 јуни, Хан рече дека по повлекувањето на американските трупи од Авганистан, нема да и даде база на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) на администрацијата на Вашингтон за нејзините операции во оваа земја.



Слични вести