Германија ги укина општите меѓународни предупредувања за патување кон 80 земји, меѓу кои и Турција

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека почнувајќи од 1 јули (денеска) се укинува предупредувањето за патување со датум од 17 март 2020 година во врска со областите коишто се прогласени за „ризични“ поради Ковид-19

1668274
Германија ги укина општите меѓународни предупредувања за патување кон 80 земји, меѓу кои и Турција

Германија ги укина општите меѓународни предупредувања за патување кон 80 земји, меѓу кои и Турција, а кои поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги прогласи за „ризични“ за патување.

Во објавеното соопштение од германското Министерство за надворешни работи се истакнува дека почнувајќи од 1 јули (денеска) се укинува предупредувањето за патување со датум од 17 март 2020 година во врска со областите коишто се прогласени за „ризични“ поради Ковид-19.

Во соопштението се вели дека станува збор за области кадешто бројот на случаите на Ковид-19 на 100 илјади лица неделно изнесува под 200, а воедно се додава следното: „Подобрувањето на епидемиолошката состојба во Германија и поголемиот дел на Европа, распространувањето на вакцинациите и воведувањето на Догиталниот Ковид-сертификат го олеснуваат патувањето. Затоа почнувајќи од 1 јули се ажурирани и предупредувањата за патување.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас исто така во направената провенка во врска со прашањето застана во одбрана на укинувањето на предупредувањата за патување и го рече следното: „таму кадешто постојат позитивни случувања не постои причина за продолжување на ограничувањата.“ 

Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи препорача да не се патува во земјите кои се класифицирани како како области со висока инциденца или варијанта на вируси, доколку тоа не е задолжително.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, во дадената изјава на 11 јуни соопшти дека општото предупредување за патување со датум од 17 март 2020 година почнувајќи од 1 јули ќе биде укинато за областите кадешто бројот на случаите на Ковид-19 на 100 илјади лица неделно изнесува под 200.

Ова предупредување за патување се однесуваше на 80 земји кои беа класифицирани како целосно или делумно ризични области од коронавирусот, а меѓу кои се наоѓаше и Турција.

 



Слични вести