За време на протестите против прекините на електричната струја во Ирак се ранети 4 лица

Очевидци истакнуваат дека во отворениот оган од страна на ирачките безбедносни сили за време на протестите против прекините на електричната струја во провинцијата Васит на југот на земјата се ранети четворица протестирачи од кои тројца потешко

1667106
За време на протестите против прекините на електричната струја во Ирак се ранети 4 лица

За време на интервенцијата на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите кои протестираа против прекините на електричната струја во провинцијата Васит во јужниот дел на Ирак, се ранети 4 лица.

Стотици лица се собраа пред електричната централа „ЕЛ-Азизије“ во провинцијата Васит за да протестираат против прекините на електричната струја коишто траат веќе подолго време.

Притоа ирачките безбедносни сили отворија оган врз невооружените лица протестирачи.

Очевидци истакнуваат дека во отворениот оган се ранети четворица протестирачи од кои тројца потешко и дека ранетите се префрлени на лекување во болница.

Ирачкиот министер за електрична енергија Маџид Мехди Хантуш по растечките протести поради прекините на електричната струја, минатата среда поднесе оставка.

Ирачаните кадешто температурите достигнуваат до приближно 50 степени Целзиусеви, заедно со прекумерното жешко време се соочуваат и со прекини на електричната струја.



Слични вести