Последните германски војници го напуштија Авганистан

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер соопшти дека и последните германски војници го напуштија Авганистан

1667168
Последните германски војници го напуштија Авганистан

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека вечерва безбедно се повлекоа од Авганистан и последните германски војници и го рече: „По 20 години е завршена нашата најинтензивна надворешна заача.“

Исто така и во објавеното соопштение од страна на германската армија се истакнува дека германските војници ја завршија мисијата на НАТО во Авганистан.

Инаку, германските војници од 2011 година се наоѓаа на задача во Авганистан во рамките на Меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан (ИСАФ) и Мисијата на НАТО Одлучна поддршка којашто потоа беше ставена во примена.

За време на оваа мисија загинаа вкупно 59 германски војници.

Како последно во рамките на Мисијата на НАТО Одлучна поддршка во Авганистан се наоѓаа 1.100 германски војници.

Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) претходно исто така соопшти дека американските војници почнувајќи од 1 мај ќе почне да се повлекува од Авганистан каде 20 години како се наоѓаат во рамките на Мисијата на НАТО и дека повлекувањето ќе биде завршено до 11 септември оваа година, на одбележувањето на 20 годишнината од нападите на 11 септември 2001 година. 

 



Слични вести