Махмуд Абас: Договорите на некои арапски земји со Израел за нормализација претставува илузија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас истакна дека договорите за нормализација потпишани меѓу некои арапски земји и Израел претставуваат „илузија“ и дека нема да успеат

1667058
Махмуд Абас: Договорите на некои арапски земји со Израел за нормализација претставува илузија

На отворањето на една конференција што се одржа во соработка на Движењето Хамас и Отворениот универзитет во Ерусалим (Кудс) беше објавена снимка од еден претходно снимен говор на палестинскиот претседател Махмуд Абас. 

Абас во овој свој говор истакна дека договорите за нормализација потпишани меѓу некои арапски земји и Израел претставуваат „илузија“ и дека нема да успеат.

„Како што знаат сите овозможивме да западне во вода она коешто е познато како 'договор на векот' и од страна на секого јасно е сфатено дека претставува илузија и нема да бидат успешни т.н. 'договори на Абрахам за нормализација' (за нормализација со Израел).“ - рече Абас.

Велејќи дека мирот и безбедноста можат да се реализираат само со ставање крај на окупацијата и откако палестинскиот народ ќе се стекне со својата слобода, независност и со своите права за формирање на државата Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс), палестинскиот претседател Махмуд Абас ја изнесе следната констатација: „Светот почна да гледа на  Израел како на окупаторска и расистичка држава и меѓународната јавност станува сведок на една постепена промена за прифаќање на Палестина.“

 



Слични вести