Состанок на Меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, во Рим

На денешниот состанк на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ во Рим Турција ќе ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1665663
Состанок на Меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, во Рим

Денеска во главниот град на Италија, Рим ќе се одржи состанок на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.

На состанкот Турција ќе ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Италија се истакнува дека на состанокот на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ чиј домаќин е Италија и кој ќе се одржи заедно со Соединетите Американски Држави (САД) ќе учествуваат 81 земја, членка на коалицијата.

Состанокот во Рим има за цел да ја зголеми усогласеноста на коалицијата во извојувањето на апсолутна победа над терористичката организација ДЕАШ, да се потврди ветувањето за стекнување со стабилност на ослободените области во Сирија и Ирак и да се зголеми соработката во групите за делување.

Освен тоа, е соопштено дека во правец на барањето на земјата домаќин Италија ќе биде разгледана и заканата од терористичките организации поврзани со ДЕАШ во различни области на појасот Сахел и континентот Африка.

На денешниот состанк на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ во Рим Турција ќе ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Министерот Чавушоглу освен овој состанок се очекува да присуствува и на министерскиот состанок со ограничено учество посветен на Сирија што ќе се одржи исто така во главниот град на Италија, Рим.

 



Слични вести