САД реализираа воздушен напад врз цели на проиранските милициски сили на ирачко-сириската граница

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џон Криби истакна дека е реализирана воздушна операција врз постројки на ирачко-сириската граница коишто се користат од страна на милициските сили поддржани од Иран

1665752
САД реализираа воздушен напад врз цели на проиранските милициски сили на ирачко-сириската граница

Соединетите Американски Држави (САД) реализираа воздушен напад врз постројки на ирачко-сириската граница коишто се користат од страна на милициските сили поддржани од Иран.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џон Криби истакна дека воздушната операција е реализирана по инструкција на претседателот Џо Бајден и е со одбранбена цела.

Кирби рече дека цел на воздушниот напад беа оперативни постројки и магацини за оружје коишто се користат од страна на милициските сили поддржани од Иран, од кои две се наоѓаа на тероријата на Сирија, а една цел на територијата на Ирак.

Велејќи дека наведените цели се избрани поради тоа што биле користени од страна на милициските сили поддржани од страна на Иран во напади со беспилотни летала врз воениот персонал и постројките на САД во Ирак, Џон Кирби рече: „Според меѓународното право, САД го искористија своето легитимно право на самоодбрана.“

 



Слични вести