Германската канцеларка Меркел го прими американскиот државен секретар Блинкен

Германската канцеларка Ангела Меркел го прими во Берлин американскиот државен секретар Антони Блинкен кој допатува по повод 2. Берлинска Конференција

1663938
Германската канцеларка Меркел го прими американскиот државен секретар Блинкен

Германската канцеларка Меркел го прими во Берлин американскиот државен секретар Антони Блинкен кој допатува за учество на 2. Берлинска Конференција за Либија.

Меркел истакна дека сакаат либискиот народ самиот да ја донесе одлуката во врска со сопствената иднина.

Пред средбата, Меркел говореше на одржаната заедничка прес-конференција кадешто истакна дека учеството на американскиот државен секретар Блинкен на конференцијата е значајно и го рече следното: „Значајно е да испратиме заеднички сигнал за Либија. Сакаме либискиот народ самиот да ја донесе својата одлука за сопствената иднина.“

Укажувајќи дека освен тоа е значајно да ја придружуваат Либија на овој пат и меѓународните партнери, германската канцеларка Ангела Меркел ја изнесе следната проценка: „Сите ние го знаеме стратешкото значење на ситуацијата во Либија, ѝ од аспект на Африка, ѝ од аспект на афричко-европските односи.“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен исто така истакна дека се надеваат оти Либија ќе влезе на пат кон стабилност, безбедност и единство.

 



Слични вести